Холандија е последниот противник на Македонија на „Трофеј Карпати“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во пресрет на Европското првенство јануари Македонија го дозна името и на последниот противник во подготвителниот период.

Станува збор за последниот учесник на „Трофеј Карпати“ на кој Македонија ќе учествува од 27. до 29. декември. Последниот учесник на овој турнир е селекцијата на Холандија.

На овој турнир покрај нашата и споменатата репрезентација на Холандија од претходно познато е дека ќе учестувваат Алжир и Романија која е домаќин.

Освен „Трофејот Карпати“ Македонија ќе игра уште два пријателски натпревари со Кувајт во Белград, а по Нова година ќе следуваат натпревари со Словенија и Црна Гора, секако исто така од пријателски карактер.