Талентот на Барселона, Ансу Фати потпиша нов договор со неверојатна откупна клаузула


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Талентираниот фудбалер на Барселона, Ансу Фати го продолжи договорот со клубот и се обврзана верност со каталонците до 2022 година.

Во договорот на 17 годишниот Фати е вметната и откупна клаузула по која секој заинтересиран тим ќе мора да плати 170 милиони евра за да го откупи неговиот договор.

„Работењето секој ден со најдобрите е сон, а во исто време и награда. Од сега па натаму се што треба да правам е да продолжам да работам, понапорно од било кога за да продолжам да добивам шанси во кои уживам. Останатото ќе си дојде само по себе“ –истакна Фати.