Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за ЕП 2020 што ќе се одржи во Австрија, Шведска и Норвешка


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Селекторот на машката сениорска репрезентација г-дин Данило Брестовац, го објави поширокот список на ракометари за престојното ЕП 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка.

На списокот нема некои поголеми изненадувања, освен името на Дарко Георгиевски од францускиот тим Анже.

Дополнително пред заминувањето во Австрија каде ќе игра нашата селекција ќе следи рез по кој некои играчи ќе отпаднат од списокот.

Сениорската репрезентација е во Група Б заедно со Австрија, Чешка и Украина.

Распоред на натпревари на Македонија:

10.01.2020 Македонија – Украина (20:30 часот)

12.01.2020 Чешка – Македонија (16:00 часот)

14.01.2020 Австрија – Македонија (18:15 часот)