Реал десеткуван против Барса – се повреди и Бејл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат шпанските медиуми Еден Азар сигурно ќе го пропушти големото „Ел Класико“ после денешните детални прегледи.

На тестовите се покажа дека не станува збор за сериозна повреда меѓутоа во Реал се грижат затоа што Азар и една недела по повредата мора да користи патерици, па нема да може да игра против Барселона.

Во меѓувреме пристигнаа нови лоши вести за Зидан. На повреда се пожали и Герет Бејл. Велшанецот веќе трет ден не тренира со остатокот од тимот и со сигурност ќе ги пропушти натпреварите со Еспањол и Бриж, а е под знак прашалник за мечот со Барселона, кој на програмата е на 18-ти декември.