Натпревар во кој сè се реши за 45 минути: Ливерпул во Мерсисајд подобар од Евертон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул синоќа во Мерсисајд дербито на Енфилд го поразија Евертон со резултат од 5:2.

Се работи за средбата во 15. коло од Премиер лигата која беше фантастична, посебно во првата половина кога паднаа шест од седум погодоци.

Тренерот на Редсите, Јурген Клоп од првата минута започна со шарен состав и им даде прилика на играчите кои ретко играат да настапуваат во првиот состав, а тие му возвратија на најдобар можен начин.

Ливерпул стигна до водство веќе во 6. минута. Садио Мане асистираше, а Ориги погоди. Само 11 минути подоцна топката повторно беше во мрежата на гостите, а овој пат стрелец беше Шакири.

Карамелите не се предадоа па четири минути подоцна постигнаа погодок преку Кин. Сепак, нивната надеж не траеше долго бидејќи во наредните неколку минути Ориги со вториот гол и Мане со првиот го решија натпреварот во корист на домаќинот. Конечниот резултат за првото полувреме го постигна Ричарлисон во 45. минута.

Во продолжение на натпреварот видовме уште еден погодок а тоа беше дело на Вијналдум во 90. минута. Ливерпул остана убедливо прв со освоени 43 бодови, односно има осум бодови повеќе од Лестер, додека Евертон сега падна во „опасната зона“ бидејќи има само 14 освоени бодови.

Во наредното коло Ливерпул ќе биде гостин кај Бурнемоут, додека Евертон повторно има тешка задача бидејќи ги пречекува Челзи на домашен терен.