По вчерашниот натпревар на Челзи добивме уште еден доказ колку Канте е неверојатен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челзи вчера во натпревар од 15. Коло во Премиер лигата на својот „Стенфор Бриџ“ ја победи Астон Вила со резултат 2:1.

Головите за „сините“ ги постигнаа Абрахам и Маунт, додека апсолутна контрола на средината на теренот држеше одличниот Н’Голо Канте.

Тренерот на Астон Вила после натпреварот јавно го пофали францускиот играч за врска. Канте како често пати на натпреварите го имаше секаде на теренот.

„Мислев дека на теренот има тројца Канте. Челзи има фантастични играчи“, изјави Смит после вчерашниот натпревар.

Со победата над Вила Челзи ја прекина низата лоши резултати во домашното првенство. „Сините“ сега се наоѓаат на четвртата позиција со 29 освоени бодови.