Хамес го напушта Реал – бира меѓу четири гиганти!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез ова лето се врати во Реал, но се чини дека нема да добие значајна улога во тимот на „кралевите“.

Хамес моментално е повреден, но Зидан не смета на него, па Реал е спремен да го продаде во зимскиот преоден рок.

Колумбиецот помина две сезони во Минхен, но Баварците не сакаа да го откупат неговиот договор. Сега Хамес на маса има четири понуди, од Наполи, Јувентус, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Шпанските медиуми тврдат дека италијанските клубови имаат предност пред англиските поради одличната соработка со неговиот агент Жорге Мендеш.

Меѓутоа, финансиската понуда на премиерлигашите е подобра, па сега останува Хамес да ја избере својата следна дестинација, со оглед на фактот дека нема иднина во Мадрид.