Братот на Рашфорд го провоцираше Мурињо на Инстаграм (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ славеше против Тотенхем со 2-1 во дербито на 15. коло во англиската Премиерлига, а јунак на мечот беше Маркус Рашфорд.

„Црвените ѓаволи“ успеаа да слават против екипата која неодамна ја презема нивниот поранешен тренер Жозе Мурињо.

Португалецот сигурно нема по добро да го памети дербито, а за тоа виновен е Рашфорд, кој постигна два гола за домаќините.

По мечот се огласи и неговиот брат, кој го провоцираше Мурињо на Инстаграм. Тој објави фотографија од Португалецот додека уште го тренираше Јунајтед.

Таа фотографија беше направена на мечот против Јанг Бојс, кога Рашфорд промаши одлична шанса, а Мурињо беше разочаран поради тоа.