ЖРК Вардар по втор пат во два дена го совладаа Ларвик


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ракометарките на Вардар го одиграа вториот пријателски натпревар против Ларвик и повторно го совладаа, овој пат со 30:24.

Во првиот натпревар исто така беа подобри, но тогаш со поубедливи 35:27.

После првото полувреме вардарки имаа негатива од еден погодок, 14:15. Во второто полувреме направија превсрт и го прегазија противникот 30:24.

Лазовиќ и Дамњановиќ беа најефикасни во ЖРК Вардар со 5 погодоци. Радичевиќ, Мавсар и Хмирова додадоја по 4 погодоци. Корен со 6 погодоци беше најефикасна во Ларвик.