Уште едно големо признание за Лука Дончиќ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Престижниот весник Sports Illustrated ќе му ја додели на Лука Дончиќ наградата – „Breakout of the Year“, што може да се преведи како – напредок на годината.

Sports Illustrated е спортска библија во САД и е многу признат и ценет весник, кој во понеделник на младиот Словенец ќе му ја додели наградата која и тоа како ја заслужи.

„Оваа награда ја добиваат спортистите кои имаат постигнато значаен напредок во текот на годината, а оваа година тоа го постигна звездата на Далас“, објавено е во споменатиот магазин.

Последните години наградата ја добија Алвин Камара (американски фудбал), Жоел Ембид (кошарка) и Франциско Линдор (бејзбол).

Дочиќ оваа награда ќе ја добие во понеделник на гала вчерта во Њујорк.

Оваа сезона Дончиќ во просек има постигнато 30,3 поени, 10,1 скок и 9,2 асистенции по натпревар.