Перез нема време за чекање: Реал Мадрид договори ѕвезда на Ајакс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид се мачи со повреди пред важните натпревари во Ла Лига, а еден од нив е средбата на „Камп Ноу“на 18 декември против Барселона.

Холандските медиуми пишуваат дека соработката меѓу Ајакс и Реал Мадрид продолжува и понатаму, па „кралевите“ договориле фудбалер на екипата од Холандија.

Станува збор за Дони Ван де Бек, кој и минатото лето се поврзуваше со преселба во Мадрид, но на крајот не се случи тоа.

Според медиумите, Ван де Бек ќе се пресели во Мадрид следното лето во трансфер вреден 55 милиони евра, а Реал за неговиот потпис го победил Тотенхем, кој исто така го посакувал фудбалерот.