Зидан ја „крпи“ екипата за „Ел Класико“: „АС“ откри во која формација ќе настапи Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид има многу проблеми пред важни натпревари кои ги очекуваат во Ла Лига, меѓу кои е и „Ел Класико“ на „Камп Ноу“ против Барселона.

Тренерот Зинедин Зидан не може да смета на Касемиро кој е суспендиран, а на мечот најверојатно нема да играат ниту Герет Бејл и Еден Азар.

„АС“ објави дека Зидан на теренот ќе излезе со двајца напаѓачи, т.е. со формација 4-3-1-2. Секако, во случај уште некој да не се повреди пред мечот со Барселона.

На голот ќе биде Куртоа, Карвахал е десно, Варан и Рамос се стопери, а Менди ќе игра како лев бек.

Пред одбраната ќе играат Крос, па потоа Модриќ и Валверде, а Иско ќе биде најистурен во средниот ред, додека во нападот покрај Бензема, ќе игра и Родриго.