Што е многу – многу е: Бејл си тера по свое, Перез со задоволство ќе му ја удри клоцата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трката за титулата во шпанската Ла Лига продолжува меѓу Барселона и Реал Мадрид, кои играат во „Ел Класико“ на 18 декември, а „кралевите“ се соочуваат со многу проблеми пред големото дерби.

Едно е сигурно, а тоа е дека Герет Бејл наскоро ќе го напушти клубот, а такво нешто потврди и неговиот агент Џонатан Барнет, кој вели дека репрезентативецот на Велс не е среќен во Мадрид.

„Бројките ни зборуваат дека кога е тој на теренот, Реал има подобра шанса за триумф. Кога е во одлична форма, Бејл е еден од најдобрите играчи во светот. Нема гаранции дека ќе замине, но ако се појави вистинска шанса за него, тогаш ќе разговараме со Перез и ќе видиме што ќе се случи“, порача неговиот агент.