Дуо фантастико: Леброн и Дејвис го „нокаутираа“ Портланд за 20. победа на Лејкерс (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во минатата ноќ беа одиграни неколку интересни натпревари во НБА-лигата, а најмногу внимание привлече дуелот помеѓу Портланд трејл блејзерс и Лос Анџелес лејкерс.

Најголемиите ѕвезди на Лејкерс повторно беа одлични, па Леброн Џејмс и Ентони Дејвис заедно постигнаа 70 поени и му донесоа триумф на нивниот тим од 113-136.

Мечот во „Мода центарот“ беше неизвесен само во првата четвртина, кога двата тима неколку пати го сменија водството, но веднаш потоа беа тргнати дилемите за победникот.

Дејвис беше најефикасен во победничкиот тим со 39 постигнати поени, а Џејмс застана на 31 поен, седум скокови и осум асистенции.

Останати резултати:

Шарлот – Бруклин 104-111
Кливленд – Орландо 87-93
Детроит – Индијана 108-101
Бостон – Денвер 108-95
Мајами – Вашингтон 112-103
Оклахома – Минесота 139-127
Милвоки – Клиперс 119-91
Сан Антонио – Сакраменто 105-104