„Комити“ и „Војводи“ го запалија тетовското Кале! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македнските навивачки групи „Комити“ и „Војводи“ во недела прославуваат 10 години од братството, па поради таа чест навивачите подготвија спектакл и во Скопје и во Тетово.

Навивачите прославуваат три јубилеи, меѓу кои 20 години постоење на „лојал фанс“ и пет години „Комити Маџари“, па тие вчера имаа дефиле во главниот град, по што следеше акција на тетовското кале.

Вардар во недела во Скопје ја пречекува Шкендија, а ќе се обиде да победи и да им избега на 11 бодови пред паузата.

Да потсетиме, Вардар веќе ја освои есенската титула, па од редовите на „црвено-црните“ се надеваат дека ќе продолжат со добрите резултати и конечно ќе го вратат трофејот од македонската Прва лига.