Суарез: Голот со пета ми е најдобар во кариерата! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез го воодушеви светот со неверојатниот погодок во 15. коло против Мајорка.

Каталонците славеа на „Камп Ноу“ со 5-2, а Уругваецот во 43. минута постигна гол со пета и со осмиот гол сезонава се израмни на трето место во листата на стрелци со Лукас Перез и Лорено.

„Тоа беше најдобар гол во мојата кариера. Знаев каде се наоѓам и дека е незгоден агол, а последна опција која ја имав е шут со пета. Тренерот Валверде понекогаш ми вели дека не постигнувам голови од лесна ситуација, но ги реализирам најтешките“, порача Суарез.

Искусниот напаѓач кажа дека екипата напредува и добива самодоверба од меч во меч.

Барселона во моментов ја дели првата позиција со Реал Мадрид со 34 бодови.