Вардар „заборави“ како да ја победи Шкендија, Работнички закован на дното (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денеска беше комплетирано 18. коло од македонската Прва лига, по што следи зимската пауза за клубовите, а големото дерби меѓу Вардар и Шкендија заврши 2-2.

Вардар не успеа да ја победи Шкендија ни по повеќе од две години, но и покрај тоа останува првопласиран со солидна предност пред вториот дел од сезоната.

„Црвено-црните“ двапати имаа водство, но на крајот Шкендија успеа да се врати во дуелот.

На останатите натпревари Ренова го совлада Работнички со 4-3, Шкупи загуби од Македонија ЃП со 2-3, Струга Трим Лум и Борец одиграа 1-1.

И вчера се играше фудбал во македонската лига, а Силекс ја шокираше Академија Пандев со 3-1 во Кратово.