Интер утре ќе заработи повеќе од сите останати италијански клубови во историјата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер игра одлично сезонава во Серија А, но пласманот во нокаут-фазата во Лигата на шампиони уште не е обезбеден.

Во последното коло од групната фаза Интер ќе игра утре против Барселона и со победа ќе се пласира понатаму.

„Нераѕурите“ ќе имаат огромна поддршка од трибините. Досега биле продадени 72.000 влезници, а тоа ќе им донесе рекордна заработка.

Интер од продажба на влезници ќе добие повеќе од 6,5 милиони евра, што е најголема заработка во историјата на италијанскиот фудбал од продажба на влезници.

Избраниците на Антонио Конте ќе имаат тешка задача против Каталонците, па останува да видиме дали ќе обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето.