Џеко не е единствениот играч од Серија А кој Мурињо сака да го доведе оваа зима


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред неколку денови во англиските медиуми се појави вест дека Жозе Мурињо сака да го доведе Един Џеко во Тотенхем во зимскиот преоден рок.

Англиските медиуми објавија дека Мурињо покажал голем интерес за доведување на босанскиот напаѓач, а наводно скаутите на Тотенхем веќе го набљудувале Џеко на натпреварот против Верона.

Џеко и пред две години беше на чекор од заминување од Рома и тоа во Челзи, но тогаш во последен момент трансферот беше откажан. Мурињо покрај Хари Кејн сака да има уште еден искусен напаѓач, но шансите Џеко да се согласи да биде резерва во Тотенхем се многу мали.

Тој неодамна го продолжи договорот со Рома до почетокот на летото во 2022. година и според моменталната ситуација тој е среќен на Олимпико. Но, во Тотенхем сигурно е дека нема така лесно да се откажат посебно поради изјавата на Мурињо дека сака да го види Џеко во својот клуб.

Меѓутоа, Џеко не е единствениот играч кој лондонскиот клуб ќе проба да го земе од Серија А во јануари. Мирор утринава објави дека на мета на Петлите се наоѓа и дефанзивецот на Наполи, Кулибали.

За овој 28-годишен Сенегалец веќе со сезони се борат многу клубови, но Наполи едноставно не сака да го пушти да замине. Сепак, јасно е дека во Наполи владее голема криза после штрајкот од страна на играчите, а во Тотенхем тоа сакаат да го искористат.

Лондонскиот клуб е спремен да потроши околу 100 милиони евра оваа зима, а главните мети се Џеко и Кулибалу. Но, колку е реално тоа дека Тотенхем може да ги доведе во својот клуб останува да видиме наредниот месец.