Состанок во Милан: Интер си договори фудбалер на Барселона!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во јануари се очекуваат многу трансфери, а еден од нив би можел да биде реализиран помеѓу Барселона и Интер.

„Газета дело Спорт“ пишува дека во Милано состанок имале управите на Барселона и Интер, а се разговарало за Иван Ракитиќ и Артуро Видал.

Како што стојат работите во моментов, Хрватот е поблиску до дресот на „нераѕурте“. Наводно, Ракитиќ треба да дојде на позајмица во Милано, а потоа Интер на крајот на сезоната ќе мора да го откупи од каталонскиот гигант.

Да потсетиме, Ракитиќ со Барселона има договор до 2021 година, но речиси сигурно ќе го напушти тимот бидејќи тренерот Ернесто Валверде не му дава поголема минутажа.