Обрадовиќ без милост „удри“ по Американците: НБА-лигата е мафија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот српски тренер Жељко Обрадовиќ порача дека нема во план да работи во НБА-лигата никогаш во својата кариера.

Обрадовиќ освои многу трофеи, па важи за еден од најдобрите тренери во Европа, а со такво реноме неколку пати беше поврзуван и со клубовите од најсилната кошаркарска лига на светот.

„Се надевам дека еден ден во НБА-лигата ќе заминат многу европски тренери и ќе го покажат својот квалитет. Ги има многумина подготвени за таков чекор, но јасно е зошто не ги ангажираат, зашто НБА е мафија“, порача Обрадовиќ.

Исто така, Обрадовиќ кажа дека НБА има неверојатна организација, но во Европа во моментов се работи на случајот и се напредува од година во година.