Барселона донесе конечна одлука за Лаутаро Мартинез


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еминентниот медиум „ЕСПН“ јавува дека Барселона донела конечна одлука за тоа дали ќе тргне по ангажман на Лаутаро Мартинез.

Наводно Барселона се откажала од намерата да го донесе Лаутаро Мартинез за сума од 100 милиони евра.

Името на Лаутаро се поврзуваше со тимот на Барселона кој е во потрага по постојана замена за Луис Суарез кој полека влегува во финишот на својата играчка кариера.

Според „ЕСПН“ огромните и нереални барања на Интер за аргентинскиот фудбалер ја натерале Барселона да се откаже од од намерата да го ангажира Лаутаро.