Изненадувачко име на радарот на Арсенал за наследник на Унаи Емери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал е во потрага по нов тренер откако пред две недели се реши да му врачи отказ на Унаи Емери.

Францускиот медиум „Л’Екип“ пренесува дека челниците на клубот од Лондон го контактирале Бордо за да се распрашаат за нивниот тренер, Пауло Соуса.

Соуса нема преголемо искуство со водење на големи клубови, а во досегашната тренерска кариера бил тренер на три тима од Островот и тоа КПР, Свонси и Лестер.

Од 2015 до 2017 ја водеше ФИорентина,а во моментов е сосема солиден раководејќи го Бордо.

Сепак, навивачите нема да бидат воодушевени доколку Арсенал го ангажира овој тренер.