Анчелоти синоќа доби отказ, но веќе го чекаат повеќе клубови во Англија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карло Анчелоти доцна синоќа официјално доби отказ од клупата на Наполи.

Во последно време многу се пишуваше за тоа дека италијанскиот стручњак ќе го напушти Наполи, а тоа синоќа беше официјално потврдено и покрај тоа што тој го доведе овој клуб во нокаут фазата во Лигата на Шампионите.

Меѓувреме, Наполитанците пред натпреварот против белгискиот клуб беа девет натпревари без победа во сите натпреварувања, па Аурелио Де Лаурентис одлучи дека е време за промена.

Анчелоти се задржа во Наполи само година и пол, а по отказот веднаш започнаа шпекулациите за неговата наредна дестинација.

Така англиските медиуми пишуваат дека Арсенал и Евертон сакаат да го видат италијанскиот стручњак на својата клупа.

Топџиите неодамна му дадоа отказ на Унаи Емери, а како привремена замена за него беше избран Љунберг.

Евертон исто така игра многу лоша сезона поради што Марко Силва пред неколку денови доби отказ од клупата на овој клуб.

Двата клубови посакуваат на својата клупа да го видат Анчелоти и спремни се да започнат преговори со него, а останува да се види дали 60-годишниот стручњак ќе одлучи да ја прифати понудата на еден од овие два клубови.