Јунајтед конечно ќе го пушти Погба да замине, а на негово место ќе дојдат двајца одлични играчи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е спремен да го продаде францускиот везен Пол Погба.

Веќе со месеци наназад францускиот фудбалер се поврзува со заминување од Јунајтед, а според тврдењата на Дејли Мејл тоа конечно би можело да се случи.

Наводно, раководството на тимот од Олд Трафорд спремно е да ги сослуша понудите за Погба и спремни се да го продадат.

Со таа одлука Погба конечно ќе може да си замине од Театарот на Соништата. Тоа веќе одамна е негова желба, а како нова средина во која би се придружил се споменува мадрискиот Реал.

Меѓутоа, ни Јунајтед не сака да остане без празни раце. Парите кои ќе ги добијат од трансферот на Погба ќе ги инвестираат во нови засилувања, а целта им е да доведат двајца нови везни.

Наводно англискиот великан е заинтересиран за доведување на Саул Нигез од Атлетико и Дони Ван Де Бек од Ајакс и уверени се дека од нив ќе имаат повеќе корист отколку од Французинот.

Погба не се прослави по враќањето на Олд Трафорд во 2016. година. Играше прилично слабо, со привремени исклучоци, а во 141 натпревар има постигнато 31 погодок.