Лампард најави шопинг во јануари: Абрамович му одобри 178 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Челси, Франк Лампард откри дека англискиот гигант во јануари ќе се засилува на неколку позиции.

Лондонскиот тим доби дозвола да купува фудбалери во јануари и конечно ќе може да го освежи својот состав, а тоа го потврди и Лампард.

Лампард, наводно, ќе добие 178 милиони евра и веќе се шпекулира за неколку нови имиња.

„Секогаш сакам да го засилам тимот, секогаш ги гледам сите позиции. Минатото лето го загубивме Азар кој беше важен за тимот. Мислам дека пронајдовме начин да бидеме конкурентни. Тоа го покажуваме во Премиерлигата и во Лигата на шампиони“, вели Лампард.

Како потенцијални засилувања на Челси се споменуваат Вилфрид Заха, Џејдон Санчо и Муса Дембеле.