Фудбалерите на Лион тргнаа да се пресметаат со навивачите на трибините (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лион одигра 2-2 против Лајпциг на домашен терен, па обезбеди пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампиони.

Меѓутоа, овој успех остана во сенка на невидената драма по мечот кога капитенот на Лион, Мемфис Депај забележа дека еден од навивачите го провоцира Марселона со транспарент на кој се наоѓаше магаре.

Марсело не е во добри односи со навивачите од мечот со Бенфика во елитното европско натпреварување, по кој почнаа да го напаѓаат на социјалните мрежи и да го навредуваат на секој меч.

Останатите фудбалери застанаа во одбрана на Марсело и затоа повеќе не ги поздравуваат навивачите по победа, што доволно зборува за лошата ситуација во францускиот клуб.