Наполи се договори со нов тренер, Анчелоти се сели во Премиерлигата?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наполи синоќа се раздели со тренерот Карло Анчелоти, кој доби отказ и покрај тоа што му обезбеди нокаут-фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) на италијанскиот тим.

Искусниот Италијанец на почетокот на 2018/19 стигна во Неапол, а година ипол подоцна остана без работа и тоа по убедливиот триумф во последното коло од групната фаза во ЛШ против Генк (4-0).

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо пишува дека Џенаро Гатузо ќе биде нов тренер на Наполи, а неговото претставување би требало да се случи наскоро.

Наполи ќе потпише договор со Гатузо на шест месеци, со опција истиот договор да биде продолжен на една година доколку клубот е задоволен од резултатите.

Од друга страна, англиските медиуми објавија дека Анчелоти ќе го преземе Арсенал, но останува да видиме наскоро.