Колку пари ќе изгуби Интер поради поразот од Барселона?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интер синоќа беше поразен на свој терен од Барселона со резултат од 2:1 и така не успеа да се пласира во осмина-финалето од Лигата на Шампионите.

Тимот на Антонио Конте требаше да стигне до победа над тимот на Каталонците кои дојдоа со изменет состав, но навивачите на крајот доживеаа големо разочарување.

Исклучувањето на Интер од Лигата на Шампионите ќе го чини 12,2 милиони евра и покрај тоа што е срушен рекордот на овој натпревар, пишуваат италијанските медиуми.

Оваа цифра се добива кога се собира заработката од телевизиските права и бонуси кои ги дава УЕФА за тимовите кои поминуваат во нокаут фазата.

Неразурите до сега заработија 40,7 милиони евра, а сега треба да стигнат до самиот крај во Европската Лига и после тоа да го одиграат УЕФА Суперкупот за да ја повратат сумата која ја изубија по поразот од Барселона.

Од друга страна, натпреварот против каталонскиот тим беше набљудуван од 71,818 навивачи на стадионот што на Интер му донесе рекордна заработка од 7,8 милиони евра.