Роналдо се изнервира, па „настрадаа“ три топки на тренингот на Јувентус (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо беше многу нервозен во текот на тренингот на италијанскиот шампион Јувентус.

Роналдо во последно време има проблеми со постигнување голови, но очигледно тргна на подобро, откако минатиот викенд ја затресе мрежата на Лацио во Серија А.

Јувентус вечерва игра против Баер Леверкузен, а на последниот тренинг пред мечот Роналдо беше нервозен по еден лош потег.

Фудбалерите на Јувентус тренираа, а кога дојде топката до Роналдо, тој згреши и одигра двапати. Потоа се изнервира и шутна три топки надвор од тренинг-кампот на екипата.

Подоцна можеше да се забележи и насмевка на неговото лице што значи дека Роналдо сепак на крајот се смирил поради смешната грешка.