Официјално: Џенаро Гатузо е нов тренер на Наполи (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Карло Анчелоти вчера беше отпуштен од Наполи, а управата на клубот не чекаше долго за да ангажира негова замена.

Анчелоти, наводно, посакал сам да го напушти клубот, иако италијанските медиуми сметаат дека тоа е дело на претседателот Аурелио де Лаурентис.

Италијанските медиуми погодија дека Џенаро Гатузо ќе биде нов тренер на Наполи, а денеска тој беше претставен на кормилото на екипата од Неапол.

Според првите информации, Гатузо потпишал шестмесечен договор, кој би можел да биде продолжен на уште една година на крајот на сезоната.