Карло Анчелоти се огласи по отказот од Наполи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карло Анчелоти од синоќа и официјално не е тренер на Наполи, а денес во клубот од Неапол беше промовиран Џенаро Гатузо.

Искусниот Дон Карло преку социјалните мрежи упати порака со која им се заблагодари на сите во Наполи за прекрасната соработка која ја имале изминатиов период.

– Лично би сакал да им се заблагодарам на клубот, вработените, моите играчи, мојот стручен штаб и на претседателот за можноста да доживеам незаборавно искуство во прекрасен град како Неапол. Наполи засекогаш, -напиша Анчелоти на социјалните мрежи.