Гатузо на прес конференција се обрати до јавноста: Анчелоти ми е како татко, тешко е да се каже не на Наполи..


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денешниот ден беше исолнет за Џенаро Гатузо затоа што тој и официјално беше претставен како нов предводник на Наполи клуб со кој го одржа и првиот тренинг.

Популарниот Рино потоа на специјална прес конференција се обрати до јавноста, за прв пат во улогата на тренер на Наполи.

„Му кажав да на Наполи затоа што тоа е лесно. Во последните десет години тие се едни од најодбрите тимови во Италија и Европа. Ми се допаѓа тимот, играчите се функционални и може да се адаптираат на фудбалот кој јас го сакам.

Анчелоти?  Тој ми е како татко, во тешки моменти секогаш го барав и секогаш ми помагаше. Ве молам не ме споредувајте со него затоа што тој има освоено се, а јас сум млад, имам 41 година и мора допрва да покажам многу.

Овој тим не може да остане надвор од Европа, тие поминуваат низ тежок период, но наша цел е да се вратиме на освојувањето на поени. Ќе ја спуштиме главата и ќе работиме, мора да ги контролираме натпреварите“ –изјави Гатузо.