Гатузо во јануари му носи конкуренција на Елмас од Милан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Италија, Џенаро Гатузо ќе има пари на располагање за јануарски шопинг по своја желба.

Наполи денеска го претстави популарниот Рино кој треба да го крене нивото на игра на тимот кој оваа сезона не блеска во Серија А.

Наводно, според „Калчомеркато“, Џенаро Гатузо ќе сака да го донесе Франк Кеси во редовите на Наполи. Иднината на Кеси во Милан се уште не е извесна, но постои веројатност тој да си замине во јануари.

Доколку пристигне во Наполи, Кеси ќе му биде конкуренција и на Елмас кој оваа година најчесто играше во средината на теренот под водство на Карло Анчелоти.

Останува да видиме дали Џенаро Гатузо ќе ја промени позицијата на Елмас и ќе го турне нешто понапред во средината или ќе го игра на крилните позиции, нешто што Елмас го игра во репрезентацијата на Македонија, а еднашиграше така и во дресот на Наполи.