На Гвардиола му се допаднаа тројца играчи на Динамо


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Сити синоќа убедливо славеше над Динамо во рамките од последното коло во Лигата на Шампионите.

Домашните фудбалери се надеваа дека во Максимир пред своите навивачи би можеле да изненадат со победа. Но, остана само да се надеваат бидејќи Граѓаните на крајот славеа со голема победа од 4:1.

Англичаните покажаа дека се многу опасни и во измешан состав, а по натпреварот, очекувано, задоволен беше и Пеп Гвардиола на кого му се допаднаа тројца фудбалери на Динамо.

„Среќни сме и задоволни поради победата. Не игравме за бодови, но игравме за себе. Важно е на ваков начин да се заврши групната фаза и без жолти картони, што е многу важно“, изјави Гвардиола.

Го запрашаа Гвардиола кои играчи на Динамо би ги довел во Манчестер Сити.

„Ќе разговарам со Белиќ и ќе му побарам совет. Динамо има многу квалитетни поединци. Олмо е еден од најквалитетните, многу е брз и технички поткован, додека Осриќ и Петковиќ имаат квалитет со топката во нозете. Сепак, Петковиќ е добар не само со глава туку тој е и технички многу спремен играч, а Хрватите отсекогаш имале многу таленти“, додаде тренерот на Манчестер Сити.

Медиумите и во изминатите месеци пишуваа за тоа дека Олмо е во сериозно планови на Манчестер Сити, но повеќе за тоа тренерот на Сити немаше желба да зборува. Тој само истакна дека пред младиот Шпанец претстои светла иднина.