Португалецот збесна: Навивач втрча на теренот и го фати за врат Роналдо (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус победија во шестото коло од групната фаза во Лигата на шампиони против Баер Леверкузен, а мечот покрај головите го одбележа и детал од крајот на дуелот.

„Старата дама“ славеше со 2-0 со головите на Кристијано Роналдо во 75. минута и Гонзало Игуаин во судиското надополнување, а по мечот следеше поздравување на фудбалерите и прославата.

Тоа беше момент кога еден од навивачите втрча на теренот за да се фотографира со Португалецот.

Роналдо е познат како некој кој обично добро реагира на влегувањето на навивачите на теренот, но овој пат делуваше како напад затоа што навивачот го повлече за врат и го удри со лакт, а тоа го налути.