Интер плаќа 35 милиони евра за Кулушевски, Парма го има последниот збор?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Управата на Интер е решена да го донесе Дејан Кулушевски на „Џузепе Меаца“, а тоа го потврдуваат и италијансктие медиуми.

Антонио Конте состави листа со желби, на која се наоѓа и Кулушевски, па Интер планира д аплати 35 милиони евра за неговите услуги.

Тоа е одлична понуда за Аталанта, но за да се реализира трансферот потребно е Парма, каде што игра Кулушевски на позајмица, да му дозволи да замине.

„Доколку преговорите не се реализираат, во Интер ќе се насочат кон поранешниот играч на Јувентус, Артуро Видал, кој во моментов е во Барселона“, пишуваат Италијанците.

Парма сигурно нема да се откаже од еден од најдобрите фудбалери за нив во моментов, па Кулушевски најверојатно ќе остане до крајот на сезоната на „Енио Тардини“.