Навивачите ја „осакатија“ статуата на Ибрахимовиќ: Му закачија јаже околу врат и… (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ стана голем непријател за фановите на Малме, откако купи акции на нивниот ривал Хамарби.

Навивачите уште не може да се помират со фактот дека нивната легенда ќе инвестира пари во ривал на Малме, па решија да му ја сечат ногата со моторна пила, а исто така ставија и јаже околу неговиот врат.

Се шпекулираше дека статуата на Ибра ќе биде преместена во Стокхолм, но такво нешто нема да се случи, барем така гласаше градското собрание на Малме.

Дел од навивачите на Малме бараа статуата на Ибрахимовиќ да биде заменета со Маркус Розенберг, легендата на клубот, која пред неколку дена ја заврши кариерата.