Ова се потенцијалните парови за осминафиналето во ЛШ (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Заврши групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), па беа познати сите 16 учесници во нокаут-фазата.

Ждрепката ќе биде направена во понеделник на 16 декември. Статус на носители ќе имаат ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер сити, Јувентус, Ливерпул, Барселона, Лајпциг и Валенсија.

Во вториот шешир ќе бидат Реал Мадрид, Тотнем, Аталанта, Атлетико Мадрид, Наполи, Борусија Дортмунд, Лион и Челси.

Како и во претходните години во ждрепката ќе има одредени ограничувања, па во осминафиналето не може да играат клубови од исти земји, како и тие што беа во иста група.

Секој од тимовите уште сега ги знае потенцијалните противници, а еве кој со кого има најголема шанса да се сретне.