Ливерпул ја победи конкуренцијата: Клоп купува ѕвезда на Салцбург за „ситни пари“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Салцбург и Ливерпул се договориле за трансфер на една од најголемите ѕвезди на австриската екипа.

Такуми Минамино ќе наполни наскоро 25 години, а тој роденден Јапонецот најверојатно ќе го прослави на „Енфилд“, каде што пред два месеци го убеди Ливерпул дека е доволно добар за да го купат.

Тогаш во поразот на Салцбург од 3-4 во групната фаза од Лигата на шампиони потигна прекрасен гол и асистираше за уште еден.

Десното крило, заедно со напаѓачот Ерлинг Халанд, се најголеми ѕвезди на Салцбург, кој сезонава ја воодушеви фудбалската јавност.

Јапонецот за пет години во Салцбург одигра 199 меча, а притоа постигна 64 голови и 44 асистенции.