Тренерот на Аталанта во еуфорија: Гасперини почна да танцува по пласманот во нокаут-фаза (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аталанта синоќа во последното шесто коло од групната фаза во Лигата на шампиони го победи Шахтер со 3-0 на гости и така се пласираше во нокаут-фазата.

Италијанците во второто полувреме постигнаа три гола и го шокираа домашниот тим, па го испратија во Лига Европа.

Тимот на Гасперини направи нешто што малкумина очекуваа од нив, па во осминафиналето ќе чека сигурно некој тежок ривал и ќе оди на изненадување.

По пласманот во нокаут-фазата се славеше во соблекувалната на Аталанта, а Гасперини во еуфорија почна да танцува и ги насмеа фановите на социјалните мрежи.