„Кралевите“ во јануари го нудат Модриќ плус пари за ѕвезда на Наполи


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид во јануари сака дополнително да се засили пред продолжение од сезоната, а неколку фудбалери се веќе на листата со желби на Зинедин Зидан.

Еден од фудбалерите кои „кралевите“ го следат е Калиду Кулибали од Наполи. Сенегалецот е важен фудбалер за италијанскиот тим и досега одигра 19 меча сезонава.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал ќе понуди 50 милиони евра плус Лука Модриќ за 28-годишниот стопер.

Наполи го проценува Кулибали на 120 милиони евра, но наводно е подготвен да преговара доколку и Модриќ е вклучен во понудата.

Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис претходно откри дека одбил понуда од 105 милиони евра за Кулибали, но очигледно дојде време кога ќе мора да го продаде.