Нејмар, ти ли си? Бразилецот со потег каков што никој не очекуваше


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најскапиот фудбалер во светот Нејмар пропушти поголем дел од сезоната поради повреда, но сега полека влегува во форма и постигнуа голови и асистенции.

Синоќа во дуелот против Галатасарај постигна гол и двапати асистираше, а интересно е тоа што му препушти и изведување на пенал на соиграчот Едисон Кавани.

По мечот француските новинари го прашаа за потегот, а добија одговор каков што никој не очекуваше од него.

„На себичноста не треба местото да биде во фудбалот. Еди требаше да постигне гол. На крајот сите напаѓачи постигнаа погодок и сите одиме дома среќни“, порача Бразилецот.

Навистина несекојдневен потег на бразилскиот фудбалер, кој ги воодуши, но во исто време и ги збуни фановите.