Баерн ја договори откупната цена на Бразилецот од Шахтјор?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тете доаѓа за 50 милиони евра.

Бразилскиот фудбалер Тете е се поблиску до преминување во редовите на германскиот шампион Баерн.

Шахтjoр бара 50 милиони евра за играчот кој го купи за 10 милиони евра во февруари оваа година, но во Баерн наводно се спремни да платат толкава сума бидејќи се свесни за каков потенцијал се работи. Тете го посакуваа и некои од италијанските клубови, но тој остана во Шахтјор во чиј дрес на 26 натпревари има постигнато осум погодоци.

Тете е примамлив за Баерн бидејќи може да игра на сите позиции во напад, да биде корисен за двете крила и баш таков напаѓач одговара на стилот на игра во Баерн.

Украинските медиуми тврдат дека Баерн има постигнато договор со Шахтјор, но сеуште се чека да се договорат одредени услови за да се официјализира трансферот.