Венгер жестоко го критикуваше Арсенал: Стана нечовечки клуб


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Арсен Венер и понатаму е без тренерската работа, а многу навивачи на Арсенал и понатаму го сметаат за главен виновник за кризата во која се наоѓа клубот.

Венгер изјави дека тој не е крив и дека неговиот бивш клуб се претворил нечовечки клуб.

Понуди интересно образложение.

„Кога стигнав во Арсенал, бевме 80, а кога заминував бевме 750. Тоа е премногу, секој размислува само да се спаси себеси. За мене организацијата треба да има 150 луѓе и да се одржува човечноста. Најмногу жалам поради тоа што Арсенал се претвори во нечовечки клуб.“, беше јасен Французинот.

„Почуствував дека работите почнуваат да ми бегаат од контрола и одлучив да напуштам“, додаде Венгер.

Моментално Арсенал е предводен од Љунберг.

Венгер неодамна јасно даде изјава дека тој ќе му помогне во било кое време.

„Секогаш со задоволство им помагам на моите поранешни колеги и на мојот поранешен клуб. А доколку има потреба, тогаш, секако ќе бидам на располагање.“, рече Венгер и додаде:

„Не сакам премногу да го коментирам Арсенал. Им посакувам се најдобро. Фреди е фантастичен и уреден и ќе сака уште долго да ја задржи оваа позиција. Па, тој има прилика.“

„Она што сите го посакувате во животот е прилика. Дадете му прилика да работи со своите идеи и вашата поддршка.“, додаде Венгер.