Роналдињо: Не можам да кажам дека Меси е најдобар во историјата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Барселона, Роналдињо, смета дека Лионел Меси не е најдобриот играч во фудбалската историја.

Роналдињо кој своевремено со Меси беа застрашувачко дуо во Барселона, смета дека има уште многу играчи низ историјата кои биле добри на свој начин, но фактот дека Меси е најдобар во својата ера тој не го оспорува.

„Мило ми е што Меси ја освои шесттата Златна топка бидејќи тој ми е голем пријател. Не сакам споредби бидејќи тешко е да се каже кој е најдобар во историјата“, рече Роналдињо и додаде:

„Тука се Диего Марадона, Пеле, Роналдо… па затоа не можам да кажам дека Меси е најдобар од сите, но дека е најдобар во својата ера, тоа е вистина.“

Инаку, Роналдињо за време на својата кариера ја освои Златната топка и тоа во 2005. година, а многумина сметаат дека би можел да освои повеќе.

Меси засега има шест од овие признанија што е рекорд, но секако дека ниту Кристијано Роналдо до крајот на својата кариера нема да се откаже од намерата да го стигне или да го помине.