Ешли Кол го посочи идеалниот тренер за Арсенал


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Челниците на Арсенал се во постојана потрага по нов тренер кој ќе го наследи Унаи Емери кој пред околу две недели доби отказ од позицијата.

Во овој момент иако има неколку слободни тренери, Арсенал се мачи да пронајде адекватно решение кое ќе го извади клубот од кризата во која е западнат.

Ешли Кол верува дека Карло Анчелоти кој пред три дена доби отказ од Наполи е идеално решение за клупата на „топчиите“.

„Кога Анчелоти зборуваше нешто, сите слушавне. Би било прекрасно ако тој дојде во Арсенал. Карло би донел заедништво во Арсенал, во смисла на пријателство, не е тип на тренер кој е секогаш сериозен. Кога тој ве води, на тренинг доаѓате со насмевка и уживате во тоа што го правите“ –изјави Ешли Кол.