Без напредок: Македонија ќе ја заврши годината на 68. место!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските репрезентативци нема да имаат напредок на последната ранг-листа на ФИФА и годината ќе ја завршат на 68 место, каде што ја заврши и минатата година.

Нашиот противник во Лигата на Нации, Косово се наоѓа на 115. позиција на најновата листа, додека во самиот врв на табелата немаше никакви промени.

Првото место е резервирано за Белгија, а веднаш по нив следат Франција и Бразил. Англија е на четвртата позиција, по што следат Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.