Стојановски добива конкуренција во Адебајор: Ним во јануари го купува искусниот фудбалер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот напаѓач од Того, Емануел Адебајор би можел да стане играч на францускиот Ним во јануарскиот преоден рок.

Адебајор си замина од редовите на турскиот Кајзериспор каде на осум натпревари постигна два погодоци, па сега од јануари ќе има одврзани раце да бара нова средина.

Во Ним се во потрага по искусен напаѓач затоа што во моментов се заковнаи на дното во француската лига, па Адебајор би можел да дојде одлично во составот.

Нашиот Влатко Стојановски е еден од напаѓачите на клубот, меѓутоа не добива многу шанса во француското првенство. Вчера Стојановски доби шанса во куп натпреварот против Сент Етјен и веднаш постигна погодок, негов втор сезонава во дресот на Ним.