Пристигна понуда од 44 милиони фунти за ѕвездата на Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот играч Иско оваа зима би требало да го напушти Реал Мадрид.

Иско веќе неколку сезони се поврзува со заминување од кралскиот клуб, но до трансфер никако да дојде.

Дејли Експрес денеска пишува дека Челзи се заинтересирани да го ангажираат и дека на адреса на Реал Мадрид пристигнала понуда од 44 милиони фунти.

Кралевите по информациите од истиот извор немаат ништо против да го продадат бидејќи во јануари ќе го донесат Кристијан Ериксен од Тотенхем за што ќе треба да платат 50 милиони фунти.

Од друга страна, на Челзи конечно му заврши забраната за купување нови играчи и Иско е една од желбите на Франк Лампард.

Иско е член на Реал Мадрид шест и пол години и за тоа време запиша 290 натпревари и постигна 48 гола. Покрај Челзи за него се распрашува и Манчестер Сити, а порано се спомнуваа Арсенал и Јунајтед.

Иско оваа година одигра 13 натпревари за кралскиот тим.